Играч на Динамо отворил пиво од 100.000 евра

Loading...

 

Дефанзивецот на Динамо Загреб, Домагој Вида ќе го плати најскапото пиво во историјата на Хрватска.

Репрезентативниот бек од клубот е казнет со 100.000 евра поради „неспортско однесување“. Имено, Вида во клубскиот автобус, кој фудбалерите ги возел на куп натпреварот со Врсар отворил пиво, поради што тренерот Анте Чачиќ, веднаш го отстранил од тимот. 

Вида сепак ќе конкурира за место во тимот за дербито со Хајдук што ќе се одигра викендов. 

„Според членот 6. од Правилникот за премии, награди и дисциплински казни на фудбалерите и стручниот штаб за сезоната 2012/2013, Управата на ГНК Динамо донесе одлука со која Домагој Вида парично се казнува со 100.000 евра“, објави клубот. 

Неодамна, Динамо парично со неверојатни 270.000 евра го казни играчот од средниот ред Самир, поради неговиот бурен ноќен живот.   

 

Макфакс

извор: index.hr

loading...
Loading...