Вонредно коло во Серија А: Пандев со Наполи против Лацио

 

Петтото коло во италијанската Серија А носи неколку интересни дуели, а епитетот дерби го заслужува мечот помеѓу Наполи и Лацио.

Петтата рунда во калчолигата, во вторник, ќе ја отворат Фиорентина и Јувентус, единствената екипа која има максимален ефект по првите четири кола. 

Поголем дел од натпреварите ќе се одиграат во среда, а колото во четврток ќе го затворат Сиена и Болоња. 

Горан Пандев со Наполи на домашен терен ќе го пречека својот поранешен тим Лацио. Двете екипи, во претходното коло не ги остварија зацртаните цели. Наполи, во Катанија, иако 88 минути имаше играч повеќе одигра само 0:0, додека Лацио како домаќин загуби од Џенова 0:1. 

Вторник, 25. септември:
Фиорентина-Јувентус

Среда, 26.септември:
Пескара-Палермо
Катанија-Аталанта
Киево-Интер
Џенова-Парма
Милан-Каљари
Наполи-Лацио
Рома-Сампдорија
Торино-Удинезе

Четврток, 27. септември:
Сиена-Болоња. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: