ВИДЕО: Лукаш Моура, новиот „волшебник со топката“, новиот играч на ПСЖ!!!

Во јануари екипата на ПСЖ ќе се „закити“ и со уште една фудбалска ѕвезда која е во најава, бразилецот Лукаш Моура кој е извонреден во Бразилскиот шампионат настапувајќи во екипата на Сао Паоло, погледнете го видеото и уверете се во неговите квалитети, ПСЖ дефинитивно го составува мозаикот на тимот на најдобар можен начин.

Игра на позицијата полу-шпиц, веднаш зад напаѓачите, но по потреба игра и на позициите лево и десно офанзивно крило. На трансфер-пазарот вреди 35.000.000 евра, има 20 години, а веќе има забележано 19 настапи за сениорската репрезентација на Бразил постигнувајќи притоа 2 погодоци, а за тимот на Сао Паоло има 65 настапи и 16 погодоци.

Пронајдете не на следниве мрежи: