„Виолетовите“доминираа против „Старата Дама“, сепак ремито е конечниот исход на „Артемио Франки“

Одлична партија пружија играчите на Винченцо Монтела каде играчки на теренот потполно го надиграа тимот на Јувентус, со неколку изгледни шанси се закануваа кон голот на Буфон но на крајот исходот од мечот беше само реми без голови.

Јувентус може да биде задоволен од исходот од мечот на „Артемио Франки“, тимот на Фиорентина заслужи да го добие овој дуел, покажа маестрална фудбалска партија но едноставно никако неможеше да го пробие патот кон мрежата на Јувентус, не искористија маестрални шанси домаќините.

Публиката на „Артемио Франки“ со огромен аплауз ги награди своите фудбалери за големата борба на теренот што ја прикажаа против тимот на Јувентус.

Пронајдете не на следниве мрежи: