Ешли Кол ја одбил понудата на Челзи

Loading...

 

Англискиот репрезентативец Ешли Кол ја одбил понудата на Челзи за потпишување на нов едногодишен договор, пренесува ESPN.

Истиот извор наведува дека желба на искусниот фудбалер е да потпише долгорочен договор со европскиот првак, додека Челзи не се откажува од праксата, на играчите постари од 30 години да им нуди едногодишна соработка, дури и кога е во прашање најдобриот играч на својата позиција. 

Левиот бек, кој заработува 160.000 евра неделно има договор со Челзи кој истекува на крајот од сезоната. Наводно развојот на настаните го следат во Пари Сен Жермен, а интерес за Кол покажува и Реал Мадрид. 

 

Макфакс

извор: Celsi, Premierliga 

loading...
Loading...