Кавани „ВО СВОЈ СТИЛ“ ја наполни мрежата на Лацио!!!

Тимот на Наполи славеше на домашен терен во дербито против екипата на Лацио со високи 3-0, сите погодоци беа дело на одличниот Кавани кој едноставно беше алфа и омега во тимот на Наполи во овој дуел, нашиот интернационалец Горан Пандев „пожолте“ на овој меч.

Голеадата на Кавани започна во 19-тата минута, на 2-0 зголеми во 31-вата минута а конечните 3-0 истиот играч ги постави во 64-тата минута постигнувајќи импресивен хет-трик на мечот.

Македонскиот фудбалски интернационалец во редовите на Наполи Горан Пандев, доби жолт картон во 53-тата минута од мечот, а беше заменет со Инсиње во 69-тата минута од мечот.

Резултати од Серија А…

Вчера

Фиорентина-Јувентус 0-0

Денес

Пескара-Палермо 1-0

Катанија-Аталанта 2-1

Киево-Интер 0-2

Џенова-Парма 1-1

Милан-Каљари 2-0

Наполи-Лацио 3-0

Рома-Сампдорија 1-1

Торино-Удинезе 0-0

На табелата екипата на Јувентус со освоени 13 бодови е на чело во топ 4 заедно со тимот на Наполи со исти бодови, трета е Сампдорија со освоени 10 бода, а четвртото место го делат екипите на Интер и Лацио со по 9 бода.

Фото: www.gazzetta.it

Пронајдете не на следниве мрежи: