ФА:Тери виновен за расистички испад

Loading...

 

Дефанзивецот на лондонскиот фудбалски клуб Челзи, Џон Тери, во четврток е прогласен за виновен за расистичка навреда на Антоан Фердинад, член на Квинс Парк Ренџерс.

Англискиот фудбалски сојуз ФА го казни англискиот стопер со четири натпревари суспензија и парична казна од 220.000 фунти.

Тери во јули првиот судија на Вестминстерскиот окружен суд во Лондон го прогласи за невин во спорот што против него го покрена државата заради наводниот расистички испад.

Но, како што налагаат правилата на ФА дека и најмал доказ на расизам е казнив, Тери оваа казна сепак не ја избегна. Лондонскиот клуб сега има рок од две недели за жалба.

 

Макфакс

извор: Кликс

loading...
Loading...