четврток, 12 ноември 2026
Најново

25-годишник е тешко повреден, двете возила целосно изгореле – МВР со детали за тешката сообраќајка кај Хиподром

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

МВР објави детали за тешка сообраќајна незгода што се случи доцна синоќа на влезот во Скопје, кај Хиподром, кога се судрија патничко возило и камион.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 10 февруари 2026 година во 23:00 часот на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на главниот град. Судирот се случил помеѓу патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В. (25) од село Бујковци, скопско, и товарно возило Мерведес со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во несреќата двете возила се запалиле и целосно изгореле, а возачот на БМВ се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Тешка сообраќајка: Изгореа камион и кола кај Хиподром

Поврзани вести