25 ГОДИНИ ОД МАКЕДОНСКОТО ОСВОЈУВАЊЕ НА МОНТ ЕВЕРЕСТ [САГАРМАТА-ЧОМОЛУНГМА]

Македонската хималајска експедиција „Монт Еверест 1989“, го освои врвот на 10 мај 1989 година во 18 часот, кога Димитар Илиевски-Мурато го постави македонското знаме на Сагармата (непалски – Чело на небото) или Чомолунгма (тибетански – Мајка божица на земјата).Ова е првата македонска алпинистичка хималајска експедиција организирана од планинарски сојуз на Mакедонија, во која учествуваа најискусните алпинисти од повеќе друштва од Македонија.
Експедицијата ја сочинуваа:
Димитар Илиевски-Мурато (+)
Владимир Бошковски (+)
Страшо Лозаноски (+)
Јован Попоски-водач
Горазд Росоклија-заменик водач
Ѓорѓи Костовски
Борче Јовчевски
Серафим Серафимовски
Стипе Божиќ
Сашо Андонов
Димитар Тодоровски
Виктор Грошељ
Румен Ќамилов
Слободан Ѓорѓевиќ

 
Битолчанецот Димитар Илиевски не ја криеше својата воздбуда од освојувањето на врвот Монт Еверест. Затоа и неговите колеги алпинисти кои што заедно со него го освоија врвот, сметале дека од брзање се лизнал и паднал во некоја од бездните. Неговото тело било пронајдено на 19 мај 1989 година. Како што бива редот, неговите пријатели поставија спомен плоча која што гледа кон врвот на кој што Мурато го развиори македонското знаме.

На плочата е напишано: На плочата јасно пишува: Во спомен на нашиот член Димитар Илиевски-Мурато, кој се искачи на Сагармата на 10 мај 1989 година, но загина при спуштањето.
Ова е првата македонска алпинистичка хималајска експедиција организирана од планинарски сојуз на Mакедонија, во која учествуваа најискусните алпини

Пронајдете не на следниве мрежи: