1989 година многумина ја паметат по уривањето на Берлинскиот ѕид, но фановите на најгледаното музичко шоу во Европа ја паметат по тогашната победа на групата Рива со песната „Rock Me“.Во пресрет на првата полуфинална вечер од 59-тото издание на Евровизија, се потсетуваме на едни дамнешни времиња, кога шест држави беа една, и кога немаше омраза помеѓу нејзините граѓани на национална, верска и други основи.
На 6ти Мај 1989 година, на 34-тото издание на Евровизија во Лозана, Швајцарија, хрватската група Рива успеа да ги освои симпатиите на 21 стручни жири-комисии во земјите учеснички на Тпгашната Евровизија, и да и ја обезбеди првата и единствена победа на тогашната Југославија. Потоа, во 1990 Загреб домаќинствуваше со Евровизија. Победи Тото Котуњо со „Insieme: Unite Unite Europe“ за Италија, а домачинот успеа да го достигне одличното седмо место со познатата „Хајде Да Лудујемо“ на Тајчи.
Емилија Кокиќ и останатите членови од групата раскажуваат за тоа колку биле возбудени таа вечер. Емилија раскажува како имала трема и оти сметала дека не е дорасната на задачата својата земја да ја претставува на Евровизија. Освен тоа, таа израснала во Швајцарија, па тоа и дошло како настап пред домашна публика.
Таа Евровизија воедно била првата и до сега единствена каде композиторот на победничката песна, Рајко Дујмиќ, не бил присутен да ја прифати наградата. Тој ни раскажува како во тоа време свирел со Нови Фосили во Германија, а кога требало да отпатува за Швајцарија, пасошот му бил украден и не можел да присуствува на Евровизија.
Како некогашен учесник на Евровизија, Југославија може да се пофали со доста добри пласмани. Прв пат Југославија на евровизиската сцена се појавила во 1961 година, со Љиљана Петровиќ со песната „Неке Давне Звезде“. Југославија покрај победата, во три наврати има достигнато 4-то место на Евровизија: во 1962 со Лола Новаковиќ и „Не Пали Светло У Сумраку“, во 1983 со популарната „Џули“ на Даниел, и во 1987 кога Нови Фосили ја отпеаа „Ја Сам За Плес“.
Во пресрет на првата полуфинална вечер од 59-тото издание на Евровизија, се потсетуваме на едни дамнешни времиња, кога шест држави



