четврток, 26 ноември 2026
Најново

Минов: Се надевам дека Џафери нема да зборува на албански јазик за време на чествувањето на Илинден

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пратеникот од ГРОМ Панчо Минов во денешното гостување во вестите на Алфа Телевизија вели дека не може да се сети на друг постизборен период каде за толку кратко време биле сменети раководните функционери.-Причините за тоа сигурно се повеќегодишното отсутво од власт на актуелната влада, како и претстојното остварување на политики и мерки на владата што како цели ги најавува, истакна Минов.
Во однос на најавите дека претседателот на Собранието ќе држи говор на чествувањето на Илинден, Минов се надева дека тој нема говорот да го држи на албански јазик.
Тој посочи дека содржината на договорот за добрососедство со Република Бугарија е многу нејасна.
-Ние бараме, бидејќи се работи за договор, а не за декларација, да имаме прецизност во правата и обврските и една симетричност во однос на тоа што значи компромисни решенија по однос на тоа да се признае македонската држава, македонскиот народ, македонскиот јазик, истакна Минов.
Посочи дека пратениците во идниот период ќе бараат од владата да ја обелодени содржината на договорот.
-Причините за тоа сигурно се повеќегодишното отсутво од власт на актуелната влада, како и претстојното остварување на политики и мерки на владата ш

Поврзани вести