Хотел со пет ѕвезди: „The Ark“

Добро осветлени, прозрачни соби, многу зеленило и услуга од пет ѕвезди е одлика на еден од најинтересните хотели во светот. Но, тоа што хотелот „The Ark“ се разликува од останатите е додатната можност која ја нуди. Хотелот е заштитен од големи поплави кои би можеле да ја зафатат Земјата во иднина.

„The Ark“ има можност да егзистира самостојно на површината на водата. Неговата конструкција во облик на школка, дизајнерите тврдат дека е доволно квалитетна и цврста да издржи и јаки потреси. Хотелот поседува вегетација која овозможува заштита од зраци и нуди богат извор на храна.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: