Бордел и погребално претпријатие спонзори на грчки третолигаши

Loading...

 

Финансиската криза во Грција ги зафати и фудбалските клубови, кои на сите можни начини се обидуваат да најдат спонзори, како би ги покриле трошоците за тековното работење.

Така, две третолигашки екипи, потпишаа несекојдневни спонзорски договори – со бордел и погребално претпријатие. Вукефала од Лариса ја прифати понудата на еден бордел да биде спонзор на тимот. 

„Кога на играчите им кажавме дека бордел ќе ни биде спонзор, веднаш прашаа дали ќе имаат одредени бонуси. Шегата на страна, предлогот го прифативме од чисто економски причини. Се работи за легална јавна куќа која има годишни приходи од два милиони евра“, прокоментира претседателот на клубот Јанис Бациолас. 

Вукефала на своите дресови ќе го носи името на спонзорот „Сула“. 

Од друга страна клубот Палеопирго потпиша спонзорски договор со погребално претпријатие, играчите на овој клуб ќе носат црни дресови со голем крст на средината. 

„Се работи за преживување. Сопственикот на претпријатието е мој пријател и се договоривме да го спонзорира клубот, ние последните три години немавме спонзор“, рече генералниот менаџер на клубот Лефтерис Василиу.

 

Макфакс

loading...
Loading...