СП 2018 ќе се игра на 11 стадиони

Loading...

 

Претседателот на Организациониот одбор на СП 2018 во Русија, Виталиј Мутко, во Цирих изјави дека натпреварите ќе се играат на 12 стадиони во 11 градови.

Мутко на новинарите не им соопшти кои два града од 13-те кандидати нема да бидат домаќини. За домаќини конкурираа 13 градови: Москва, Санкт Петербург, Калининград, Јарослав, Нижњи Новгород, Казањ, Самара, Саранск, Волгоград, Краснодар, Ростов, Сочи и Екатеринбург. 

Руските медиуми повикувајќи се на свои извори пренесуваат дека Јарослав и Саранск испаднале од трката. Официјалната одлука ќе биде соопштена во сабота на руската телевизија.

Интерес кај јавноста предизвикува и Москва, односно кој ќе биде вториот стадион во овој град на кој ќе се играат натпревари на СП 2018. Извесно е дена едниот стадион ќе биде „Лужники“ кој е реновиран и има капацитет од 90.000 гледачи. 

Русија организацијата на СП ја доби во декември 2010 година во конкуренција на Англија и заедничките кадидатури на Шпанија и Португалија, односно Белгија и Холандија.

 

Макфакс

извор: б92

loading...
Loading...