Како Адел ослабна 30 килограми?

Светски познатата британска пејачка Адел неодамна ослабе дури 30 килограми, благодарение на книгата „The Sirtfood Diet“.
Диетата се заснова на консумирање производи богати со сиртуин, протеин во организмот за кој истражувањата покажаа дека помага во регулирање на метаболизмот. Станува збор за производи меѓу кои кељ, јагоди, цитруси, урми, маслиново масло, темно чоколадо, зелен чај, црвено вино, јаболки, магдонос, кромид, куркума, боровници…Месото не спаѓа во оваа категорија, но е дозволено, секако не смеете со него целосно да ги замените горенаведените намирници.
Целосната диета изгледа вака:


Првите три дена исхраната е ограничена на 1000 калории, следните четири дена се внесуваат 1500 калории во кои можете да вклучите два оброка и смути.
По првите седум дена, се јадат неограничени количини од наведените намирници погоре.
Авторите на диетата истата ја тестирале на испитаници кои секојдневно вежбаат, а секој од нив во просек изгубил околу три килограми за седум дена.
Нутриционистите ќе посочат дека ова не е диета за драстично губење на килограмите, но е еден вид здрав режим на исхрана што секој треба да го усвои.
Минатата година со оваа диета Адел изгуби 30 килограми, а овие денови истата е повторно актуелна бидејќи се појави информација дека Пипа Мидлтон токму со неа се подготвувала за свадбата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.