Која е нормална тежина за време на бременоста?

За секоја трудница најважно е да биде се во ред со детето, меѓутоа, веднаш потоа следуваат и многу прашања поврзани со физичкиот изглед на трудницата, за тоа колку е нормално да се здебели една жена во текот на бременоста.
Целата приказна околу тоа кој колку добива на телесна маса е сосема индивидуална работа. Некои жени во првите три месеци повраќаат, па прво губат килограми, додека некои, поттикнати од мозокот и свеста дека се бремени почнуваат да јадат и добиваат килограми кои во раната бременост не се потребни.
Овој текст го опишува растењето на килограмите кај трудниците кои немале симптоми од типот на повраќање.


Прво тромесечје
Значи, доколку не сте имале проблеми со повраќање, во периодот до 12-тата недела сте можеле да добиете околу 1,5 кг, односно околу 15% од вкупно добиените килограми во бременоста, кои се очекувани. Идеален пораст е до 2 кг.
Второ тромесечје
Во следните три месеци очекувајте пораст на телесната маса за 25% од вкупното зголемување на тежината во бременоста.
Идеалната вкупна тежина во 16-тата недела изнесува околу 2,5 кг повеќе од почетната.
Од 20-тата до 24-тата недела доаѓа до најголемиот раст на детето и вашето добивање на тежина. Во текот на овој период може да добивате дури и 0,5 кг неделно. Идеалната вкупна тежина во 20-тата недела на бременоста изнесува 3 кг, а во 24-тата недела 4,5 кг.


Трето тромесечје
Во текот на третото тромесечје веројатно ќе ги добиете преостанатите 60 % од вкупниот раст на тежината во бременоста.
Идеалната вкупна тежина во 28-та недела е околу 9 кг повеќе од почетната.
Во 32-та недела би требало да добивате помалку килограми иако бебето и понатаму интензивно расте. Идеален раст на тежината до овој период изнесува околу 11 кг.
До 36-тата недела би требало добивањето на тежина да се намали, можеби дури и да исчезне. Идеално зголемување на тежината до овој период е околу 12 кг.
Во 40-тата недела би можело да се случи малку да изгубите на тежина, што е знак дека бебето ви е спремно за породување. Идеална телесна тежина, како и во 36-тата недела, е околу 12 кг повеќе од почетната.
Вкупно добиената тежина се состои од:
9 % постелка
38 % дете
22 % крв, останати течности
20 % матка, гради, задник, нозе
11 % вода на плодот
Ако во бременоста сте се здебелиле околу 13 кг, не би требало да имате проблем со „враќањето на старо“, односно со слабеење на вишокот на килограми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.