Касано се надева на девојче, инаку му следи пекол

 

Антонио Касано, 30-годишниот италијански фудбалски репрезентативец и член на милански Интер, по втор пат ќе стане татко, објавија италијанските медиуми.

За веста се дозна откако неговата сопруга се фотографирала со видно заоблено меше.

 

Лани во април, Касано и Каролина Марциалис го добија првото дете, синот Кристофер, а сега фудбалерот вели дека се надева оти второто ќе биде женско.

 

„Само да биде девојче. Ако бидат два мали касана во куќата ќе настане пекол. Ќе полудам„, вели насмеаниот Касано, кој летово премина од Милано во другиот градски клуб Интер.

 

Во пет првенствени натпревари сезонава, веќе постигна три гола за Интер и е трет на листата на стрелци.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: