Челзи подобар од Арсенал: 2 -1

 

Фудбалерите на европскиот првак Челзи, продолжија со одличните резултати во англиското првенство.

Во дербито од шестото коло ги совладаа гостите и градски ривали од Арсенал со резултат од 2-1 (1-1), со што се зацврстија табелата на првото место, со 16 од 18 можни бода.

 

Челзи поведе со голот на Торес (20), изедначи Жервињо (42), а трите бода на `сините` им ги обезбеди Мата (53).

 

Челзи сега има 16 бодови и натпревар повеќе, втор е Манчестер Јунајтед со 12, а следат Евертон и Вест Бромвич Албион со по 10 бода, додека Арсенал е петти со девет бода и натпревар повеќе.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: