Нани удри соиграч, може да биде избркан од Јунајтед

 

Португалскиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Нани (25), се степал со помладиот соиграч Дејвид Петручи (20), поради што може да биде избркан од Јунајтед, пишува The Sun.

Нани веќе подолго време е фрустриран затоа што клубот не му понуди нов, подобрен договор.

 

Португалецот според актуелниот договор, кој важи до 2014 година, прима 90.000 фунти неделно.

 

Неговите агенти од клубот побараа продолжување на соработката и зголемување на платата на 130.000 фунти, што Манчестер Јунајтед го одби.

 

Најновиот инцидент сигурно нема да му помогне на Нани за останување меѓу Црвените ѓаволи.

 

Според таблоидот, на тренингот Нани му забележал на Петручи за остар старт, па прво вербално го нападнал.

 

Соиграчите ги раздвоиле, но Нани бесен го удрил младиот Италијанец.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: