Баерн шест од шест, шампионот моќен против Менхенгладбах

 

Фудбалерите на Баерн Минхен и по шестото коло во Бундес лигата го задржаа максималниот ефект, додека актуелниот првак Борусија, по два лоши натпревари до врв ја наполни мрежата на противникот од Менхенгладбах.

Баерн Минхен во финишот со два гола (Луис Густаво и Манџукиќ) во победнички стил го заврши гостувањето кај Вердер. 

Актуелниот првак Борусија Дортмунд, по два лоши меча во кои освои само еден бод и прими шест гола, испорача пет гола во мрежата на имењакот од Менхенгалдбах. 

Дорбрата форма, која ја има во последните две недели ја потврди Хамбург кој минимално го совлада Хановер, додека Баер Леверкузен со победата од 2:0 над Гројтер Фирт само ја потврди улогата на фаворит во овој меч.

Првата победа во сезоната ја забележа Штутгарт, „швабите“ со головите на Ибишевиќ и Харник како гости славеа во Нинберг.

Единствениот меч без победник го одиграа Хофнхајм и Аугзбург, гостите и покрај освоениот бод останаа на последното место на табелата.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: