Барселона со судијска помош преживеа на „Санчез Писхуан“

 

Фудбалерите на Барселона ја забележаа и шестата победа во првенството, откако во шестото коло, во Севилја, го победија домаќнот од 3:2.

Барса до победата стигна со голема помош на главниот судија Антонио Мигел Матео Лахос, кој во последните 15 минути и неколку крупни грешки. Севилја по 48 минути игра водеше со 2:0, со головите на Троховски и Негредо, предноста во 53-та минута ја намали Фабрегас. 

Домашниот тим од 72-та минута играше со игрч помалку откако Лахос му покажа црвен картон на Медел. Чилеанецот испровоциран од Фабрегас, со градите го закачи противничкиот играч, „четворката“ на Бараса се фати за главата, а Лахос наседна на трикот на Фабрегас и го испрати домашниот играч во соблекувалната. 

Барселона израмни во 89-та минута, Кристијан Тељо со рака изблокира една топка која стигна до Фабрегас, а конечниот резултат го постави Давид Виља во 93-минута. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: