Луисана Лопилато стана мајка по трет пат

Актерката Луисана Лопилато, кај нас позната по улогата на Миа Колучи во серијата „Млади бунтовници“, стана мајка по трет пат.


По двата сина, Луисана и нејзиниот сопруг Мајкл Бубле, станаа горди родители на девојче.
Аргентинската актерка се породила вчера, а веќе објави фотографија од бебето на Инстаграм со емотивна порака.


Како да објаснам дека нашите срца ќе експлодираат од љубов. Денот нема доволно часови за да мислам на тоа. Му благодарам на Господ за овој подарок и среќа. Затоа што гледајќи во нејзините очи е како да гледаш во рајот, се вели во дел од пораката објавена од познатата актерка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.