Атлетико победува и без Фалкао

 

Атлетико Мадрид забележа нова победа во фудбалскиот шампионат на Шпанија, победа, со која се искачи на второто место на табелата.

Атлетико, во претпоследниот натпревар од шестото коло, како гостин во Барселона забележа победа над Еспањол од 1:0. 

Во одсуство на најдобриот стрелец, Радамел Фалкао, единствениот гол за „јорганџиите“ го постигна Раул Гарсија по половина час игра. 

Фалкао кој има постигнато половина од погодоците на Атлетико оваа сезона, мечот со Еспањол го пропушти поради повреда. 

По шест кола Атлетико на второто место има 16 бодови, два помалку од лидерот Барселона, Еспањол со овој пораз остана на последното место на табелата во Примера.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: