Пет обиди низ историјата за да се забрани кафето

Голем број луѓе не можат да го замислат денот без најмалку една шолја од овој пијалок, но кафето имало долг пат низ историјата пред да стане омилен пијалок на многумина.

Италија- Откако во шеснаесеттиот век, кафето стигнало во  Европа, католичкото свештенство силно се залагало против него, барајќи од Папата да го прогласи за сатанистичко. Но откако тогашниот Папа, Климент VIII, го пробал кафето и притоа го прогласил за вкусно, фабриките и продавниците за кафе почнале драстично да се шират низ континентот.

Цариград- Мурат IV, по превземањето на Отоманскиот трон во 1623та година, го забранил кафето низ целата империја и притоа наложил казни за оние кои го конзумирале. Секој што еднаш бил фатен со кафе, бил тепан, а веќе вториот пат бил заврзуван во кожна вреќа и фрлан во водите на Босфорот.

 

Шведска- Кафето било забрането во Шведска во 1746 година. Секое најдено зрно кафе било конфискувано од страна на полицијата. Тогашниот крал Густав III дури наредил да се дава кафе на осуденици, за да можат докторите да испитаат колку време му е потребно на овој “злобен” пијалок да го убие човекот.

 

Прусија- Во 1777 година Прускиот владетел Фредерик издал манифест во кој наведува дека пивото е подобар пијалок од кафето. Причината за ова се смета дека е потребата за што поголема продажба и производство на пивото, што било мошне важно за Прусија во тоа време. Една од главните причини кои Фредерик ги навел во манифестот, објаснувајќи зошто луѓето треба да пијат пиво наместо кафе, е дека и тој самиот израснал на пиво, а не на кафе!

 

Пронајдете не на следниве мрежи: