Миризливи спирали против комарци – Заштита или закана?

Чадот и понекогаш убавиот мирис што овие така наречени миризливи спирали или Mosquito coil го испуштаат горејќи е всушност убиец на вашите бели дробови. Не многу луѓе знаат за тоа, но штетата нанесена на вашето здравје, особено белите дробови од една ваква спирала е еквивалентно на штета нанесена од 100 цигари.

Истражувањата и спроведените тестирања на чадот испуштен од овие спирали најде значителни количини на испарливи органски соединенија, вклучувајќи и канцерогени ( хемикалии кои предизвикуваат рак).  Горењето на една ваква спирала ослободува иста количина на хемикалии како горењето на 75-137 цигари заедно. Сосема е сигурно дека овие спирали предизвикуваат акутни и хронични ризици по здравјето, и по краткотрајна или долгорочна употреба, затоа внимавајте при изборот на сите можности, средства и начини на заштита на вашето здравје и околина.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: