Неколку мерки за претпазливост како да се заштитите од ’’експлозија ’’ на вашиот мобилен телефон.

Loading...

Сигурно сте слушнале за фактот е дека мобилните телефони некогаш може да бидат причинител за електричен или струен удар, пожар или во најлош случај експлозија. Иако таквите несреќи се случуваат премногу ретко, сепак се сосема доволна причина за да ви препорачаме неколку мерки за заштита и претпазливост.

 

 

– Никогаш не користете лажни батерии.

– Не користете лажни мобилни полначи.

– Осигурајте се дека батеријата и полначот се од ист бренд како мобилниот телефон.

– Оштетената батерија заменете ја веднаш.

– Не дозволувајте батеријата да се прегрее.

– Не оставајте го вашиот мобилен телефон во места каде што би бил изложен на голема топлина како површина каде што се готви, сонце или радијатор.

– Секогаш следете ги упатствата на производителот за употребата на батерија, нејзиното чување и полнење.

– Не зборувајте на вашиот мобилен телефон додека се полни.

loading...
Loading...