Гибралтар примен во УЕФА

Loading...

 

Малата британска колонија на крајниот југ на Иберискиот полуостров, Гибралтар во понеделникот стана 54 членка на Европскиот фудбалски сојуз (УЕФА).

Одлуката е донесена за време на состанокот на извршниот одбор на УЕФА, одржан денеска во рускиот град Санкт Петербург.

Притоа е појаснето дека на Гибралтар, кој има само 28.000 жители, му е доделено привремено членство во европската фудбалска организација, а конечната одлука дали ќе добие и постојано членство треба да биде донесена на конгресот на УЕФА што ќе се одржи во Лондон во април наредната година.

Иако со мировниот договор потпишан во Утрехт во 1713 година Гибралтар и е доделен на Велика Британија, Шпанија го смета за своја територија. Сепак, Шпанците најавија дека нема да го блокираат барањето на Гибралтар за полноправно членство во УЕФА.

 

Макфакс

loading...
Loading...