Робен не игра против БАТЕ Борисов

Loading...

 

Лидерот во Бундеслигата, Баерн Минхен, на натпреварот во Лигата на шампиони против БАТЕ Борисов ќе настапи без холандскиот репрезентативец, Аријан Робен.

Крилниот напаѓач на Баварците се рехабилитира од повредата поради која го пропушти и првенствениот натпревар против Вердер. 

Баерн, во саботата, на „Везер“ стадионот во Бремен, победи со 2:0. 

Тренерот на Баерн, Јуп Хајнкенс, изјавил дека не сака да ризикува со повредата на Робен, по што решил тој воопшто да не патува во Белорусија.

 

Макфакс

loading...
Loading...