Џерард: Ќе биде чудо доколку ја освојам титулата со Ливерпул

Loading...

 

Капитенот на Ливерпул и фудбалската репрезентација на Англија, Стивен Џерард е свесен дека многу тешко до крајот на својата кариера ќе може да се израдува на шампионската титула во црвениот дрес.

„Ќе биде вистинско чудо доколку некогаш со својот Ливерпул ја освојам титулата во Премиер лигата“, призна Џерард. 

Легендата на клубот од „Енфилд“ потоа го образложи својот коментар. 

„Не разговараме повеќе само за Манчестер Јунајтед, Челзи и Арсенал. Сега конкуренти за врвот се и Манчестер Сити, Тотенхем, па дури и Њукасл и Евертон. Освојувањето на титулата станува сé потешко и ќе биде вистинско чудо доколку во блиска иднина ја освоиме“, заклучи Џерард.

 

Макфакс

loading...
Loading...