Ибрахимовиќ: Меси не ја заслужува Златната топка

 

Напаѓачот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, изјавил дека Лео Меси не заслужува оваа година да победи во изборот за престижното признание „Златна топка“.

Според Ибрахимовиќ, Аргентинецот не освоил ниту еден од значајните трофеји со Барселона, иако постигна неверојатни 73 погодоци во сите натпреварувања. 

„Меси имаше фантастична сезона без големи трофеји. Го освои само Купот на кралот, а веќе три пати е прогласуван за играч на годината“, рече Ибрахимовиќ. 

Според него во изборот ќе биде најважно дали ќе се избира поединец или ќе се вреднува тимската работа. 

„Чави сеуште игра на високо ниво, Иниеста исто така имаше одлична сезона. Двајцата ја освоија европската титула со Шпанија. Меси не освои ништо, само Купот на кралот и ред е некој друг да го добие признанието“, смета репрезентативецот на Шведска. 

Трофејот Златна топка, кој од 2010 заедно го доделуваат ФИФА и францускиот магазин „Франс фудбал“, ќе биде доделен на 7. јануари 2013 година.

 

Макфакс

извор: б92

Пронајдете не на следниве мрежи: