Киево го смени тренерот Ди Карло

Калчолигашот Киево му врачи отказ на тренерот Доменико Ди Карло, два дена откако екипата од Верона загуби во првенствен натпревар од Палермо со 4:1.

На негово место е ангажиран Еугениот Корини, кој по прв пат ќе предводи екипа од елитната конкуренција, претходно бил тренер на нисколигашите Фрозиноне и Кротоне.

Киево минатата сезона под водство на Ди Карло заврши на десетото место во Серија А, но во новото првенство Киево стартуваше лошо, во првите шест кола забележа само една победа и дури пет порази.  

Ди Карло е вториот тренер кој од почетокот на сезоната доби отказ во Серија А, минатиот месец Палермо му даде отказ на Џузепе Санино, на чие место дојде Џампјеро Гасперини.

 

Макфакс

извор: б92

Пронајдете не на следниве мрежи: