Вест Хем победи на теренот на КПР

 

Екипите на Квинс Парк Ренџерс и Вест Хем го одиграа последниот натпревар од шестото коло во Премиер лигата. Победа забележа Вест Хем, со што му го нанесе веќе четвртиот пораз на КПР.

До првата сезонска победа на гостински терен „чеканите“ стигнаа со головите на Метју Џарвис и Рикардо Ваз Те. Единствениот гол за КПР го постигна Адел Тарабт во 57-та минута, КПР од 75-та минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Самба Диакате. 

Интернационалецот од Мали е на добар пат да постави еден неславен рекорд, на 12 премиерлигашки натпревари има добиено два црвени и шест жолти картони. 

Вест Хем со оваа победа се искачи на седмото место на табелата, додека КПР е последен со само два освоени бода. 

Во следното коло Вест Хем во лондонското дерби ќе го пречека Арсенал, додека КПР ќе гостува кај Вест Бромвич Албион. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: