Хетафе и го нанесе првиот пораз на Мајорка

 

Фудбалерите на Хетафе забележаа нова победа во Примера, откако во последниот натпревар од шестото коло ја совладаа Мајорка со 1:0 (0:0).

Единствениот го на натпреварот го постигна Диего Кастро на почетокот од второто полувреме. 

Домашниот тим речиси 80 минути играше со играч повеќе, откако фудбалерот на Мајорка Наваро доби црвен картон уште во 11-та минута. 

Хетафе со втората сезонска победа стигна до седмиот бод и сега се наоѓа на делба на 11-то место на табелата. Мајорка го доживеа првиот пораз во првенството и со 11 бодови се наоѓа на делба на четвртото место. 

Во следното коло Хетафе ќе гостува во Сарагоса, додека Мајорка ќе ја пречека Гранада.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: