Барса гостува во Лисабон, Јуве го чека Шахтјор

 

Во вторник на програмата се натпреварите од второто коло во Лигата на шампиони, во групите Е, Ф, Г и Х. Дерби средбите ќе се одиграат во Лисабон и Торино.

Бенфика на домашен терен ќа ја пречека Барселона, еден од главните фаворити за освојување на титулата. 

Јувентус за противник ќе го има украинскиот шампион Шахтјор, „старата дама“ по две сезони се врати на главната сцена, додека Шахтјор и покрај големите вложувања никако не успева да забележи некој поначаен резултата во ова натпреварување. 

БАТЕ Борисов кој во првото коло го направи најголемото изненадување со победата во Лил, за противник ќе го има Баерн Минхен. 

Неочекувана победа во првата рунда запиша и Клуж, но романскиот тим во второто коло ќе има потешка задача, за противник го има Манчестер Јунајтед. 

Европскиот првак Челзи ќе гостува во Данска кај дебитантот Нордсјеланд. 

Група Е:
Нордсјеланд-Челзи
Јувентус-Шахтјор

Група Ф:
БАТЕ Борисов-Баерн Минхен
Валенсија-Лил

Група Г:
Спартак Москва-Селтик
Бенфика-Барселона

Група Х:
Клуж-Манчестер Јунајтед
Галатасарај-Брага.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: