петок, 27 ноември 2026
Најново

На Криволак од денес “Есенска бура“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денес на армискиот полигон “Криволак“ започна вежбата “Есенска Бура“, која ќе треа неколку дена. Ова е прва ваква вежба во која заеднички учествуваат единици на АРМ, МВР и институции од кризниот менаџмент.
На вежбата припадници на Армијата на Република Македонија од составот на полкот за специјални операции ( баталјонот за специјални намени и ренџерскиот баталјон) , Здружената оперативна команда (единици од воздухопловната бригада, од баталјонот воена полиција и првата механизирана пешадиска бригада), заедно со припадници на Министерството за внатрешни работи од единицата за брзо распоредување, единицата за специјални задачи и хеликоптерската единица, а со поддршка од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, изведуваат поголем број на вежбовни активности, соопштија од Министерството за одбрана. Со вежбата воедно се врши и тестирање на борбената готовност на единиците, подготвеноста за експедициски мисии и кризен менаџмент, посочија од таму.

Поврзани вести