28 загинати во украинското гранатирање на Луганск

 – Бројот на загинати од украинското гранатирање на пекара во подрачјето на Луганск, под контрола на Русија, се искачи на 28, соопшти денес Москва.

„Во Лисичанск, операцијата за пребарување и спасување продолжува на местото на уривањето на објектот на пекарницата… 28 лица, меѓу кои едно дете, загинаа“, се вели во соопштението на руското Министерство за вонредни ситуации објавено на Телеграм.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за вчерашното гранатирање рече дека е „терористички напад“ од страна на Украинските вооружени сили.

Киев сè уште не се огласи за тврдењата на Москва, а независната проверка на тврдењата на Русија е тешка поради тековната војна. Русија ја презеде контролата над Лисичанск во јули 2022 година.

Претходно, Русија соопшти дека извлечени биле тела на 20 лица од под урнатините, додека 15 луѓе биле спасени.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за воздушните напади кои се интензивираа од крајот на декември.

Пронајдете не на следниве мрежи: