ЛШ: БАТЕ го декласира големиот Баерн

 

Се одиграа натпреварите од второто коло во Лигата на шампиони, во групите Е, Ф, Г и Х. Мечевите минаа во знакот на екипите кои гостуваа, тие забележаа пет победи на осумте натпревари и на екипата на БАТЕ Борисов.

Белорускиот шампион, по победата во Лил, направи уште една сензација победувајќи го Баерн Минхен со 3:1. 

Екипата која во второто квалификациско коло го елиминира македонскиот првак Вардар, против лидерот во Бундеслигата постигна по еден гол во првото и второто полувреме. Поразот на стадионот на Динамо во Минск беше прв за Баерн по серијата од девет победи во сите натпреварувања. 

Идентична победа од 2:0 во оваа Ф група забележа Валенсија над Лил. 

Европскиот првак Челзи лесно го мина гостувањето во Данска кај Нордсјеланд. Мата постигна два, а по еден го дадоа Давид Луиз и Рамиреш за победа на „сините“ од 4:0. 

Јувентус на домашен терен освои бод против Шахтјор, од конечниот исход 1:1 незадоволни се Украинците кои не реализираа неколку добри можности за постигнување гол.  

Манчестер Јунајтед со пресрврт, благодарение на головите на Ван Перси како гостин го совлада Клуж со 2:1.

Барселона рутински во Лисабон ја победи Бенфика со 2:0, протигалскиот тим повеќе од две децении нема победа над шпанска екипа во европските купови. 

Брага, во Истанбул го изненади Галатасарај, Рубен и Алан погодија за португалскиот тим кој го анулира стартниот пораз против Клуж. 

Значајна гостинска победа од 3:2 забележа Селтик над Спартак Москва, рускиот тим последните половина час ги одигра со играч помалку, поради црвениот картон на Исунаралде. 

Група Е:
Нордсјеланд-Челзи 0:4
(Мата 33’ 82’, Давид Луиз 79’, Рамиреш 89’)
Јувентус-Шахтјор 1:1
(Бонучи 25’ – Алекс Тешеира 23’)

Табела: Челзи 4, Шахтјор 4, Јувентус 2, Нордсјеланд 0

Група Ф:

БАТЕ Борисов-Баерн Минхен 3:1
(Павлов 23’, Родионов 78’, Брешан 90’+4 – Рибери 90’+1)
Валенсија-Лил 2:0
(Јонас 38’, 75’)

Табела: БАТЕ 6, Валенсија 3, Баерн 3, Лил 0

Група Г:

Спартак Москва-Селтик 2:3
(Еменике 41’, 48’ – Хупер 12’, Комбаров 71’ (аг), Самарас 90’
Бенфика-Барселона 0:2
(Алексис Санчез 6’, Фабрегас 56’)

Табела: Барселона 6, Селтик 4, Бенфика 1, Спартак 0

Група Х:

Клуж-Манчестер Јунајтед 1:2
(Капетанос 14’ – Ван Перси 29’, 49’)
Галатасарај-Брага 0:2
(Рубен 27’, Алан 90’+4).

Табела: Манестер 6, Клуж 3, Брага 3, Галатасарај 0. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: