Мурињо:Подобар ми е односот со сопругата отколку со Рамос

 

Жозе Мурињо, тренерот на Реал Мадрид, одговарајќи на новинарски прашања во пресрет на натпреварот со Ајакс, на прашањето каков е неговиот однос со Серхио Рамос, изјавил дека има подобар однос со сопругата отколку со дефанзивецот.

Мурињо е убеден дека натпреварот со Ајакс ќе биде многу поразличен од дуелите кои двата тима ги одиграле во минатото. Португалецот ја „снимал“ играта на Ајакс на натпреварот со Твенте. 

„Ајакс смени неколку фудбалери, но нивната филозофија на играта остана иста“, рече Мурињо. 

Реал во последниот натпревар забележа победа над Депортиво од 5:1, а играчот од одбраната Серхио Рамос, по тој меч рече дека е голем професионалец е дека секогаш игра на највисоко ниво. 

„Се согласувам дека е професионалец…“, кусо одговори Мурињо на новинарска констатација. Исто така, на прес конференцијата се разговарало за дресот на Езил, кој Рамос го носеше под неговиот на мечот со Депортиво. „Тоа е негова работа, не е моја“, рече Португалецот. 

Новинарите се интересираа зошто Езил оваа сезона игра многу малку. „Помалку минути или помалку квалитет…? одговорил со контра прашање Мурињо. 

На прашањето за Лука Модриќ, тренерот на „кралскиот клуб“ изјавил дека на хрватскиот репрезентативец му треба време и повеќе самодоверба.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: