Пујол повторно се повреди

Loading...

 

Победата на Барселона во Лисабон против Бенфика во второто коло во Лигата на шампиони, мина во знакот на повредата на Карлес Пујол.

Капитенот на Барселона, кој го одигра првиот меч по паузата поради повредата на коленото, натпреварот со Бенфика го заврши во 80-та минута. 

Пујол на овој натпревар се здоби со фрактура на левата рака, по што му следува подолга пауза. 

Централниот дефанзивец нема да биде во составот на Барселона за дербито со Реал Мадрид што на програмата е на 7. октомври.

 

Макфакс

loading...
Loading...