Кол од следната сезона во Манчестер Јунајтед?

Loading...

 

Според извор на ESPN кој е близок до Манчестер Јунајтед, клубот од „Олд Трафорд“ ја разгледувал можноста на крајот од сезоната да го донесе левиот бек на Челзи, Ешли Кол.

Англискиот репрезентативец следното лето ќе стане слободен играч, бидејќи сè уште го нема продолжено договорот со Челзи. 

Клубот од „Стенфорд Бриџ“ има политика, на играчите постари од 30 години да не им нуди договори подолги од една година. Во иста ситуација како и Кол се наоѓаат и Френк Лампард и Џон Тери, но за разлика од Кол, нивните договори имаат важност до јуни 2014 година. 

Бројот на клубови кои се заинтересирани за Кол е голем, а барем засеган најсериозен во намерите да го донесе во своите редови е тренерот на ПСЖ, Карло Анчелоти. 

Според истиот извор, Кол би сакал да остане во Челзи но само доколку добие подолг договор од една година. 

Левиот бек, како што наведува ESPN, му станал интересен на Алекс Фергусон, откако Патрис Евра на натпреварот со Клуж, одигран во вторникот пружил исклучително лоша игра.

„Манчестер Јунајтед сигурно ќе влезе во игра доколку му се укаже прилика, но покрај манчестарскиот за Кол се заинтересирани уште неколку европски клубови“, потврдил изворот за ESPN. 

Манчестер Јунајтед, во летниот преоден рок, на позицијата лев бек го донесе младиот Алесандар Батнер од Витесе, иако Фергусон покажуваше сериозен интерес за играчот на Евертон Лејтон Бејнс.

 

Макфакс

извор: б92

loading...
Loading...