Масиело признал дека намерно постигнал авто-гол

Loading...

 

Поранешниот фудбалер на Бари, Андреа Масиело, постигна спогодба со италијанското обвинителство за суспензија од 22 месеци, признавајќи дека намерно постигнал авто-гол на натпреварот со Лече, одигран во мај 2011 година.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, судот во Бари, на двајца пријатели на Масиело, кои исто така учествувале во местење на натпревари им одредил условна казна во времетраење од 17 месеци. 

Тројцата биле обвинети за местење на четири натпревари, меѓу кои и е натпреварот Бари-Лече, кој заврши со победа на Лече од 2:0. Лече со победата избори опстанок додека Бари се пресели во понизок ранг. 

Неофицијално, Масиело им признал на обвинителите дека за постигнатиот авто-гол добил 180.000 евра. 

Поради овој случај Бари оваа сезона во Серија Б стартуваше со минус седум бодови, додека Лече беше префрлен во третата лига. 

Масиело минатата сезона беше играч на Аталанта од Бергамо.

 

Макфакс

извор: б92

loading...
Loading...