Финансиска полиција го истражува ФС на Италија и ФК Наполи

Loading...

Финансиската полиција во средата наутро влегла во просториите на Фудбалскиот сојуз на Италија и фудбалскиот клуб Наполи, барајќи документи за купувањето и продажбата на фудбалери, пренесуваат локалните медиуми.

Полицијата на предлог на јавниот обвинител  извршила рација во седиштето на сојузот во Рим, како и во тренинг центарот на Наполи и ги запленила договорите на играчите и други документи. 

Надлежните органи не соопштиле која е целта на истрагата. 

Екипата на Наполи, чиј дрес го носи македонскиот репрезентативец Горан Пандев, во четврток, во рамките на Лига Европа гостува кај ПСВ во Ајндховен. 

 

Макфакс

извор: танјуг

loading...
Loading...