Илузионист три дена ќе биде приклучен на милион волти

Дејвид Блејн, познат светски илузионист, се подготвува 72 часа да стои на столб висок шест метри, додека низ него ќе поминуваат милион волти електрицитет.

Блејн порано преживеа 63 часа внатре, во ледениот блок, една недела во ковчег и шест недели без храна во стаклена коцка над реката Темза.

Неговиот следен перформанс, кој ќе може бесплатно да се набљудува на Менхетен, а кој почнува во петок навечер, ќе изгледа како тортура, затоа што прв пат гледачите ќе бидат тие кои ќе ги диктираат условите на перформансите.

Публиката во пристаништето на реката Хадсон, како и публиката во Лондон, Пекинг, Токио и Сиднеј, ќе можат да контролираат колку од теслините калеми ќе бидат вклучени и на кој интензитет.

Целиот перформанс ќе може да се следи во живо на YouTube.

Блејн ќе биде заштитен со еден вид средновековен оклоп, дизајниран да служи како Фарадеев кафез. Покрај металниот оклоп, Блејн ќе носи и металните чорапи и шлем. 

„Целото тело е окружено со статички електрицитет. Не боли, но чудно е чувството. Не знам какво влијание на мојот мозок ќе има тридневната изложеност на таа количина на електромагнетни сили“, вели Блејд. 

Медицински и научни тимови ќе го следат целиот перформанс. 

„Секои од седумте Теслини калеми ќе може да создаде милион волти. Никој никогаш не стоел три дена во такво окружување, така што не знаеме точно што ќе се случи“, вели Пол Хофман, претседател на Научниот центар Либерти, кој ќе ги постави Теслините калеми.   

Мак Факс 

5-те најголеми мани на хороскопските знаци

Кристијано Роналдо „фраер“ на млади години

5-те најголеми мани на хороскопските знаци

Пронајдете не на следниве мрежи: