Нереди во Порто, двајца навивачите на ПСЖ прободени со нож

Loading...

 

Двајца навивачи на ПСЖ се прободени се ножеви и се наоѓаат во животна опасност по навивачките нереди во Порто во пресрет на средбата од второто коло од Лигата на шампиони.

Французите не настрадале во тепачка со домашните навивачи, туку наводно во судир помеѓу две фракции на навивачи на парискиот клуб.

Според португалската полиција, во инцидентот биле повредени седум навивачи, од кои двајца потешко. До тепачката дошло во центарот на Порто, а биле користени ножеви, метални шипки и шишиња.

Биле забележани и неколку помали судири помеѓу навивачите на Порто и на ПСЖ, но полицијата веднаш ги расчистила.

ПСЖ официјално не организираше патување за своите навивачи во Португалија, но неколку стотини пристигнале во сопствена режија.

 

Макфакс

loading...
Loading...