Мурињо: Можеби ќе се преселам во ПСЖ

Loading...

 

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо изјави дека неговите амбиции се освојување титули во различни држави и дека не ја исклучува можноста еден ден да седне и на клупата на Пари Сен Жермен.

„Да се биде шампион во друга држава за мене е мотив. Ова би била петта, зошто да не. Проектот Пари Сен Жермен е голем и добро организиран. Но не мислам дека им е потребен уште еден тренер“, рекол 49-годишниот Мурињо. 

Португалецот има шампионски титули во четири национални фудбалски првенства: Португалија (Порто), Англија (Челзи), Италија (Интер) и Шпанија (Реал Мадрид).

 

Макфакс

loading...
Loading...