Рекордна добивка на 6+1 на НовоЛото 7/34

Државна лотарија на Македонија соопшти дека во средата вечер во 79тото коло НовоЛото 7/34 падна до сега втора по ред рекордна добивка во 2012 за 6+1 која изнесува над 11.000 евра.

Добитното ливче е уплатено во продажниот салон Легион во Битола. Уплатени се три комбинации од по 15 денари и еден џокер број, со што вкупното вложување на добитникот на над 11.000 евра е 1 евро.

Токму на 7ми октомври минатата година падна и втората по ред 7ка во 77мото коло во 2011 уплатена во Битола во продажниот салон Студио Гина.

Во 2012, ова е 8ма добивка 6+1. Имено во 2012 добивки 6+1 паднаа во 2ро коло, 10то коло, 25то коло, 27мо коло, 34то коло, 52ро коло, 55то коло и сега во 79то коло. Најголема добивка во 2012 е добивката во 25то коло кој изнесуваше 839.268,00 во Гевгелија.

Од почетокот на приредувањето на играта на среќа НовоЛото 7/34 на Државна лотарија на Македонија, најголема добивка за 6+1 паднала во 2011 во 96то коло и изнесувала 2.131.987, а уплатата на среќното ливче била реализирана во Битола. До сега паднале вкупно 25 добивки 6+1 и тоа во Скопје, Битола, Гевгелија и по една во: Охрид, Прилеп, Македонски Брод, Гостивар, Куманово, Штип, Кавадарци и Пробиштип.

До сега паднаа вкупно четири седумки, од кои 3 во Битола и една во Свети Николе, а најголемите добивки за НовоЛото Џокер од по 600.000 денари паднаа во Скопје и Делчево.

Очекуваниот фонд за 7ка е веќе над 7.000.000,00 денари, а добивката на НовоЛото Џокер не била до сега никогаш поголема и изнесува 1.600.000,00 денари.

Скопје, 04.10.2012 (Макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: