3 најпресметливи хороскопски знаци: Калкулираат за сѐ и имаат скриени намери

Постојат луѓе кои се несебични, кои секогаш другите ги ставаат на прво место, а никогаш себеси, и кои секогаш гледаат како да им помогнат на другите. Од друга страна, постојат луѓе кои се нивна целосна спротивност, кои мислат само на себе, го гледаат само својот интерес и како ситуациите да ги свртат во нивна корист.

Овие луѓе се познати како пресметливи – немаат искрени мотиви и секогаш имаат скриени намери, а сѐ што прават, прават од интерес. Мајстори се во калкулирање и ако мислат дека од нешто немаат корист, тогаш нема ни да го направат тоа. Во астрологијата луѓето родени во следниве три хороскопски знаци најмногу се пресметливи.

Девица
Не се само Близнаците оние што имаат две лица – и Девиците можат да бидат и тоа како дволични и да се прават дека се нешто што не се. Иако на прва делуваат љубезни, тоа е само маска, а длабоко во себе се многу пресметливи и буквално сѐ калкулираат. Девиците не можат да бидат спонтани и сѐ мораат однапред да испланираат и анализираат, секоја своја постапка и буквално сѐ што кажуваат, па иако на прв поглед делуваат фини, останатите би можеле многу да се изненадат колку всушност се ладни и сурови.

Јарец
Познато е дека луѓето родени во знакот Јарец се големи воркохолици и повеќе време минуваат на работа отколку дома. Кариерата им е на прво место па затоа се и тоа како пресметливи кога работата е во прашање, но и парите. Ќе направат баш сѐ за да го остварат она што го замислиле и за да се остварат во професионална смисла и да се збогатат, дури и ако тоа значи лажење и манипулирање со другите за своја корист.

Скорпија
Родените во знакот Скорпија и тоа како се остроумни и интелигентни, па внимателно го калкулираат секој нивен потег за да си ги остварат замислите. Покрај тоа, многу се таинствени и никому не ги откриваат своите планови и намери, а неретко и манипулираат со останатите за да ги остварат своите цели. А, со оглед на тоа што се интелигентни, често и успеваат во своите намери пред некој да успее да ги прочита.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.