четврток, 26 ноември 2026
Најново

3 работи што не смеете да ги правите денес на свети Архангел: Одржувајте го мирот во домот и заштитете ги членовите на домаќинството

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Свети Арханхел  еден од најзначајните празници во православниот календар, се слави на 21 ноември. Посветен е на Свети Архангел Михаил, водачот на небесните сили и заштитник на верата. За многу семејства, овој ден е можност за молитва, мир и благодарност, но и потсетник за важноста на заедништвото и добрите дела.

Традиционално, денес се палат празнични свеќи и се крши колач, а трпезата може да биде посна или мрсна , во зависност од денот во неделата. Тоа е моментот кога семејството се собира и поминува време заедно, во тивка и духовна атмосфера.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Што не треба да правите на денот на Свети Архангел?

Свадби и прослави

Овој ден не е наменет за бучни прослави. Архангел е посветен на мир и тишина, па затоа приватните и семејните прослави се најдобро решение.

Кавги и конфликти

Важно е да се одржува мирот во домот. Расправиите и лутината го нарушуваат спокојството, додека мирот и разбирањето внесуваат позитивна енергија во домаќинството. Светиот Архангел Михаил е симбол на правдата и мирот, па затоа се верува дека конфликтите можат да донесат несреќа во семејството.

Отстспки од обичаите

Свети Архангел е денот кога традиционално се палат свеќи и се молитвуваат за заштита на домот и семејството. Игнорирањето на овие обичаи може да значи пропуштена можност да се внесе дополнителна хармонија и спокојство во домот.

Со одбележување на овој ден, семејството може да ја почувствува заштитата на Светиот Архангел Михаил и силата на заедништвото.

Поврзани вести