3 секси начини да му го свртите умот

Можеби претпоставувате, но сега е и научно докажано – мажите во присуство на убави жени, знаат да ЗБУДАЛАТ и ПОГЛУПАВАТ.
● Заборава информации
Една студија на Универзитетот во Индијана покажа дека мажите со поголемо внимание ги следат вестите кога ги презентира водителка во провокативна облека … но подоцна не можат да се сетат на ниеден збор кој таа го кажала. Момците се визуелни суштества, па додека имаат секси гледка пред нивните очи, потешко примаат нови информации.
● Станува неспретен
Додека се обидува што подобро да го проучи вашиот задник, ризикува да падне на својот. Научниците откриле дека скејтбордерите имаат тенденција да извршуваат поопасни трикови кога ги гледаат секси девојки. Што е причината? Кога момците се опкружени со атрактивни жени, доживуваат наплив на тестостерон и затоа се чувствуваат непобедливи.
 ● Веднаш бараат награда
За потребите на новата студија истражувачите половина од испитаниците (исклучиво мажи)  ги замолиле да гледаат во слики од жени во бикини, а другата половина да гледаат во пејзажи. Потоа двете групи ги запрашале што сакаат: дали веднаш да им исплатат помал хонорар, или повисок за некое време. Оние кои ги гледале девојките побарале пари веднаш.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Можеби претпоставувате, но сега е и научно докажано – мажите во присуство на убави жени, знаат да ЗБУДАЛАТ и ПОГ

Пронајдете не на следниве мрежи: