3 утрински навики кои можат да би го расипат денот

Постојат многу работи што можат да ви го уништат денот уште од раните утрински часови: метеж во сообраќајот кога веќе доцните или дожд што почнува да паѓа и немате чадор при рака.Некои од овие работи едноставно не можете да ги контролирате, но други мали утрински навики се дефинитивно во ваши раце. Обезбедете си апсолутно фантастичен ден со елиминирање на следниве навики кои не се добри за вас.

Пиете кафе премногу рано


Дали навистина има вистинско време за кафе? Да! Нивото на енергија природно се зголемува кога ќе се разбудите, а кафето може да предизвика дополнителен енергетски бран што може да ве направи нервозни. Најмногу ќе имате корист од кафето ако го пиете еден час по будењето. Нивото на енергија потоа почнува да опаѓа, па кафето ќе го подигне и ќе го одржи до пладне.

Премногу појадок


Грст бобинки во комбинација со јогурт звучи како совршено здрав начин за започнување на денот, но токму затоа може да се појави прејадување во попладневните часови. Не само што ова не е доволно храна за појадок, туку и на таков оброк му недостасуваат одредени хранливи состојки кои се клучни за да се обезбеди чувство на ситост до следниот оброк. Идеален појадок треба да се состои од 15 грама протеини, 2,5 грама влакна, сложени јаглехидрати и здрави масти.

Проверка на е-пошта веднаш штом ќе станете
Треба да се ослободите од овие навики што е можно поскоро. Проверка на е-пошта веднаш штом ќе ги отворите очите може да биде причина за целодневен стрес. Наместо да се грижите за работа наутро, фокусирајте се на започнување на утрото со нешто што ќе ве смири – вежбање, пиење чај или што било друго што ќе ви помогне да се чувствувате добро. Исто така, ќе ви помогне да бидете што е можно попродуктивни во текот на денот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.